Здружението „Куќа на среќата“ и „MAMA’S“, во соработка со Сојузот на спотови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“, денеска со почеток во 11 часот, на Школка во Градскиот парк, организираат хуманитарна штафетна трка „Заедно до целта“.

Организаторите информираат дека паричните средства што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка за семејствата кои имаат лице со попреченост.

Во програмата ќе има инклузивна трка, инклузивен базар, скара, музички дел со пејачи од нашата естрада, забавен дел со многу награди и изненадувања и разни друштвени игри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.