Утрово градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потпишаа договор за имплементација на проектот за изградба на улици во Хиподром 2.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ ВО ХИПОДРОМ 2.
Утрово заедно со Министерот Благој Бочварски го потпишавме договорот помеѓу општина Гази Баба и Министерството за транспорт и врски за имплементација на проектот за изградба на улици во Хиподром 2.
Среќен сум што по долги години, жителите на Хиподром 2 конечно ќе добијат патна инфраструктура.
Овој договор се склучува согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка.
Со договорот се обезбедуваат финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за општина Гази Баба преку Светска банка.
Целосната постапка за избор на економски оператор кој ќе ги реализира градежните работи е завршена и веднаш по добивањето на согласноста за сообраќајниот режим од Министерството за Внатрешни работи ќе започнат градежните активности на терен.
Претходно општина Гази Баба ја обезбеди целосната проектно – техничка документација за изградба на локалните улици во Хиподром 2“ – напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.