Жителите на Грчец живеат два дена без струја. Дел од нив кои излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров,се пожалија дека и во претходните денови имале прекини во електричната енергија, но веќе два двена немаат вопшто.

Велат дека ЕВН ги казнува и оние кои плаќаат електрична енергија, поради неплаќачите.

Од, ЕВН објаснуваат дека во селото вчера околу 8 часот наутро настанал дефект кој е последица на кражбите на електрична енергија од страна на мештаните, односно неовластено и неконтролирано користење. Нивните екипи често се соочуваат со вербални и физички напади поради што во целост се нарушува работењето.

„Невозможно е да се санираат дефекти се додека на вработените на терен им е спречен пристапот до самите енергетски објекти и немаат нормални услови за работа“, велат од ЕВН.

Од тука додаваат дека трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат се појавуваат сериозни дефекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.