Воспоставување систем за примарна селекција на неопасен отпад и подигнување на јавната свест за селектирање отпад во општина Кисела Вода овозможува потпишаниот Меморандум помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Здружението иницијатива за економски развој на Ромите „Реди“– Скопје, „Дусо реди рециклажа“ Скопјe.
Заемните активности кои се опфатени во согласност со оваа иницијатива се поставување канти за селекција на неопасен отпад во станбени згради и објекти коишто ќе бидат мапирани, навремено собирање на неопасен отпад (пластика и хартија) од поставените канти во станбените згради на територија на општина Кисела Вода и обезбедување обучен работен кадар. На овие активности им претходат обуки, техничка поддршка, мапирање на заинтересирани лица за учество во проектот, а паралелно, преку организирање едукативни кампањи, се подигнува свеста кај целокупното население.
Соработката се реализира во рамки на проектот ,,Роми и Ковид-19: Градете подобро преку одржливо управување со отпадот”, поддржан од Сојузното министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.