Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека градоначалничката функција во главниот град е убав предизвик и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначачлниката позиција во Скопје. Дополнително, вели дека градоначалничкото столче е посакувана опција, но не е загарантирана.

„Можеби е логично и моето име да се врти во овие кругови како потенцијален кандидат за градоначалник на Град Скопје со оглед на позицијата која во моментов ја извршувам. Сепак, нашиот капацитет треба да се мери врз основа на тоа што сте го понудиле досега“,

рече Перински.

Тој вели дека иако се гледа како потенцијален кандидат за градоначалник, доколку некој друг биде избран од партиското раководство, тој ќе го поддржи, додавајќи дека лично му претставува чест што сега е дел од Владата и дека се надева оти ќе ги оправда очекувањата како министер за локална самоуправа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.