Данела Арсовска, упати честитка до граѓаните за одбележување на 81 година од антифашистичката борба за ослободување на македонскиот народ со фотографија на која честита 75 години Антифашизам.
Денес одбележуваме 81 година од почетокот на антифашистичката борба за ослободување на македонскиот народ и борбата за победа над фашизмот во Втората светска војна, денот кога во 1941 година започнало народното востание. Овој ден е повод да оддадеме почит на сите борци кои придонеле за слободата, независноста и сувереноста на македонската држава.
Наша обврска е да продолжиме да ја градиме Македонија како самостојна, независна и демократска држава, да придонесеме да биде достоинствено и просперитетно место за живот на сите граѓани.
Нека е честит 11 Октомври Денот на народното востание на македонскиот народ !
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.