Ја разбираме нервозата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради губењето на контрола врз градските јавни претпријатија, и губењето на можноста преку свои директори од парите на скопјани да се вработува без контрола и да се обидуваат да прават бизниси.

ЈП „Дрисла” за само девет месеци раководство на директорот на Мицкоски, е оставено со долг од 100 милиони демари, а во истиот период во претпријатието ангажирале без срам нови 30 лица без никакви критериуми. Ако од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да зборуваат за грабеж во претпријатието, тогаш, резултатите од ревизијата на работењето на нивниот директор ќе бидат јавно достапни и со можност за соодветна пријава.

Истовремено бараме од ВМРО-ДПМНЕ во рок од 48 часа да се извинат за изнесената лага, во спротивно кажаното ќе мора да го докажат пред надлежниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.