Асоцијацијата за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин на 25. мај на Школка, во скопскиот Градски парк ќе одржи настан на кој ќе говорат истражувачи и активисти кои ќе бараат преземање акција за превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава.
Климатските промени претставуваат една од најголемите закани за нашето општество. Не само што влијаат на нашата животна средина и здравје, туку ја загрозуваат и нашата економија, земјоделството и природните ресурси. Времето за дејствување е сега, за да обезбедиме сигурна и одржлива иднина за следните генерации, велат од Го Грин.
На настанот ќе има зелени штандови што ќе ги претстават локалните бизниси и организации, промовирајќи еколошки свесен начин на живот. Овие штандови овозможуваат сите преку личен пример и акција да придонесат кон подобра животна средина преку мали, но значајни промени во нашите секојдневни навики.
Исто така, младите ќе имаат можност преку инфо-точките на Гоу Грин да се запознаат поблиску со програмите и активностите што ги нудиме за нив. Ова е одлична можност за младите да се вклучат и да станат дел од климатската акција која е од витално значење за нашата иднина.
Ќе има музика во живо од бенд составен од млади, ќе има различни активности, игри, правење на бомби од семиња, боење на банери и лица, кои ќе придонесат за креативна и забавна атмосфера на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.