Во текот на изминатиот викенд беа опожарени осум садови за одлагање на комунален отпад поставени на јавните површини во Скопје, соопштуваат од Град Скопје.
Од непознати сторители се запалени три контејнери со зафатнина 3,2м3 кои се наоѓаат на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на Бит пазар, а покрај опожарените контејнери кај Бит пазар, целосно изгореа и четири контејнери, додека еден е изгорен и во Дебар Маало.
Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад, велат од Град Скопје.
Опожарените контејнери се заменети со нови, се со цел зачувување на животната средина и одржување на јавната хигиена на високо ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.