Денеска во присуство на моите сограѓани овде од урбаниот дел од Кисела Вода, во присуството на лидерот на мојата политичка партија, Христијан Мицкоски, претседателот на Советот и останатиот дел од мојот тим означуваме односно отпочнуваме со за прв пат во триесет години еден ваков капитален проект, а тоа е за прв пат во историја моите сограѓани да добијат современи услови за пазарење односно еден нов, модерен, ултрасовремен, затворен пазар, нешто што во мојата општина недостасуваше повеќе од 30 години и моите сограѓани го немаа. Тука од една страна го постигнуваме ефектот да моите сограѓани, мојот народ овде во Кисела Вода пазари во едни современи услови, услови какви што им доликуваат, а од друга страна и оние кои што се пазарџиите кои што го опслужуваат нашиот народ и го пласираат својот производ да имаат едни современи, исто како народот да може да пазари, така и тие да имаат современи услови за пласман на своите производи овде во Кисела Вода – истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, за време на обиколката на општината со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој се заблагодари на Министерството за локална самоуправа која што партиципира со дел од средствата во овој проект.
Ова е за прв пат во историјата во Кисела Вода да имаме еден ваков нов современ пазар, ветен во мојата програма. Јас во мојата програма се обврзав дека 2 пазари вакви ќе изградиме, еве на истекот на првата година од мојот мандат веќе го почнуваме овој пазар кој што треба отприлика за 2 месеци да биде готов, а за многу скоро како медиуми ќе бидете повикани и во Драчево каде што ќе започнеме со изградба на уште еден ваков ултр модерен, современ, затворен пазар како што доликува за нашата современа општина. Морам да истакнам дека на истекување на година дена од мојот мандат веќе со програмата финишираме или отпочнуваме како денеска овој проект со некаде околу 70% од она што сме се обврзале за изборите пред нашиот народ да го реализираме, продолжуваме и понатаму со уште едно посилно темпо од ова што е досега се со цел да ги реализираме сите дадени ветувања во програмата и да ги подобриме условите за моите сограѓани овде во Кисела Вода- рече Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.