Со денешната посета, учениците од СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”, започнаа со пракса во Општина Кисела Вода. До крајот на второто полугодие, еднаш во неделата, тие на практичен начин ќе можат да го видат и работат она што го учат во училишните клупи.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека во Општината има широк спектар на дејности кои можат да им помогнат на учениците да ги совладаат практичните вештини и да ги направат поконкурентни на пазарот на трудот.
Драго ми е што можеме да излеземе во пресрет на идните правници и економисти, кои тука имаат можност да се здобијат со конкретни знаења и компетенции како подготовка на акти, архивирање на предмети, да почувствуваат како во стварност може да се примени она што го учат во училиште. Наша конечна цел е подигнување на вредностите, стандардите, квалитетот и ефикасноста на образованието, како и создавање на работници кои на пазарот на трудот ќе учествуваат не само со теоретско, туку и практично знаење. Ова пак, ќе значи и придонес кон намалување на младинската невработеност, која е голема болка на нашето општество“ истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.