Општина Центар неодамна започна со реконструкција на повеќе детски игралишта. Деновиве заврши и реконструкцијата на детското игралиште во населбата Капиштец. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека за детската смеа да биде уште погласна, а детската игра поинтересна на игралиштето во Капиштец општината ги реконстуирала детските лизгалки, клацкалки, лулашки и ги поправила другите оштетени дрвени реквизити.

„Започнавме со целосни реконструкции и санации на оштетените реквизити и на заштитни огради на детските игралишта во повеќе населби. Досега службите санираа две детски игралишта, продолжуваат овде во Капиштец и во неколку други населби. Детската насмевка е најдрагоценото за нас, затоа вложуваме во безбедна детска игра и полни детски игралишта“, изјави Герасимовски.

И покрај заложбата за реконструкција на детските игралишта, до службите на Општина Центар многу често стигнуваат дојави за искршени реквизити или оштетени подни површини од страна на непознати сторители. Со цел детските игралишта да останат катчиња каде најмногу ќе уживаат најмладите градоначалникот Герасимовски повикува на правилно и одговорно користење на реквизитите, како и на зачувување на урбаната опрема која е поставена во нивна околина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.