Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на жителите кои ќе одлучат да купат електрични тротинети во 2023 година.

Жителите кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година, односно до исцрпување на средствата, Општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот.

Право на учество на јавниот повик имаат жителите на општината и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет.
Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат.

Линк до јавниот повик:
http://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/ekoloshki-konkurs-denovi-na-proletta-denovi-na-ekologi-a



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.