Денеска во Гази Баба се оддржа презентација на Зелениот катастар на општина Гази Баба.

Ова беше ветување на градоначалникот Стефковски дадено во изборната кампања.

-Општина Гази Баба добива Зелен катастар!

Се реализира уште едно ветување од изборната програма. Општина Гази Баба е една од општините во Македонија и регионот која своето работење го темели на принципите на оддржливиот развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, информираше градоначалникот Стефковски.

Изработката на Зелениот катастар ќе биде основа за унапредување на зелените урбани површини кои покрај функционалните, рекреативните и социјалните функции допринесува кон намалување на загадувањето и намалување и адаптирање на климатските промени.

-Со Зелениот катстар ќе се создаде база на податоци за точната местоположба, големината и состојбата на зелените површини. Ќе се создаде можност за евидентирање на сите промени кои се случуваат на зелените површини. Унапредувањето, заштитата и зголемувањето на површините под зеленило е мојот предизвик на кој изминатата година посветивме големо внимание, вели Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.