Под мостот „Беласица“ се поставуваат нови цевки за парното греење во Скопје. Електрани на Македонија АД соопшти дека се вложуваат „максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок“ и дека се работи за „комплексна активност што бара сериозна посветеност и работа“.

Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање веќе се започна со активности на терен, соопшти ЕСМ.

Наведува дека испораката на топлинска енергија во грејна сезона е од 6 до 22 часот по строго утврдени правила и дијаграми и, според нив, во октомври и првата половина на ноември, кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот.

При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Воедно, повторно апелираме до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), информира АД ЕСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.