Суви лисја и гранки ги предупредуваат возачите дека има дупка на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ и да внимаваат кога возат, да не ги уништат возилата. Скопскиот булевар го реконтруираше пред девет месеци Град Скопје.

Овој булевар се реализираше по цена од 17 милиони денари, со постапка на јавна набавка на која учествуваа 11 компании.

Целосно реконструиран булеварот Кузман Јосифовски – Питу, булевар кој ги исполнува сите светски стандарди. Скопје мора да биде метропола со широки, безбедни и и стандардизирани булевари и улици. Патната инфраструктура на која досега реагираа граѓаните дека е деформирана и небезбедна, сега целосно и темелно се реконструира, објави градоначалничката Данела Арсовска, кога булевар беше пуштен во употреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.