Градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“– „Пинокио“, „Пепелашка“ и „Палешка“ постои цели 75 години, создавајќи сестрани, креативни и продуктивни личности, пред сѐ, задоволни, слободни, одговорни и успешни деца.

– Со постојаното успешно работење и следењето на нашата мисија и визија го реализираме максималниот потенцијал за развој на секое дете, преку процес на трансформација во една безбедна и стимулативна средина, користејќи современи програми и модели на едукативна работа – велат од градинката.


Јубилејот беше прославен во МОБ, кога на сцена излегоа дечиња од 3 до 6 години. Негувателките и воспитувачките, со помош на кореографот Александра Никофоровска, сценографот Десанка Глигориевиќ, и костимографот Љубица Велкова, направија одлична забава, како за децата, така и за родителите, и за сегашните и поранешни вработени во градинката.

Суштината на животот е во насмевката на нашите деца. А вчера вечер верувам дека многу насмевки и воодушевувања предизвика 75-годишниот јубилеј од градинката „Раде Јовчевски Корчагин“.
Ваше е да ни бидете ни здрави и среќни, а наше да вложуваме во квалитетно образование и обезбедување најсовремени услови за престој во сите детските градинки во Центар.
Нека ви е честит патрониот празник и ви посакувам и понатаму успешно да ја реализирате вашата мисија и визија, а општинската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ да претставува синоним за успешно, одговорно и професионално работење.
Честит јубилеј! – посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герсимовски во денешната честитка објавена на неговата фејсбук страница.

В.д. директорот Анита Николиќ на ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“ во чиј дел се објектите „Пинокио“, „Пепелашка“ и „Палешка“ на секретарот на Општина Центар, Георги Трајчев, кој присуствуваше на прославата, му додели благодарница за заложбите на Општината околу функционирањето на градинката.

– Нашата градинка секогаш била безбедна средина за децата, кои со задоволство доаѓаат, се чувствуваат радосно и среќно. Активностите и игрите се адаптирани на нивните интереси и потреби, како и на времето во кое живееме. Со заедничкото делување на четириаголникот: градинка – семејство – дете – општествена средина. Нашата институција претставува фундамент на воспитно – образовниот и згрижувачки систем. Нека ни е честит патрониот празник, Градинке наша – рече Николиќ.


Фото: Општина Центар


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.