Светскиот ден на музиката беше инспирација за приватната детска градинка Литл Ми и одлична можност да го продолжат серијалот „Запознавање со професиите“, па токму затоа заедно со дечињата ја посетија Националната опера и балет. Со посетата на една од најреномираните културно-уметнички институиции – Нациоланлна опера и балет, децата одблиску се запознаа со повеќе професии, но и го истражуваа светот на класичната музика, балетот и танцот.

Дечињата на вистински начин ја доживеаа магијата на сценската уметност, затоа што имаа прилика да присуствуваат на музичка проба во НОБ и на тој начин ја дознаа работата и на техничкиот персонал, кој стои зад сите успешни претстави и концерти.

Уметноста и музиката не разликуваат години, а за тоа е доказ оваа посета, бидејќи секое детенце уживаше во секој миг поминат во Националната опера и балет. Токму затоа, тимот на Литл Ми има единствена цел, а тоа е да им овозможи на децата да ја осознаат културата и уметноста на оригинален и возбудлив начин.

Со голема љубопитност ги разгледуваа просториите и сцената, а исто така на музичарите, балерините, танчерите, режисерите, костимографите им поставуваа многу прашања поврзани со нивната професија, а тие со големо задоволство им ги дадоа најдобрите одговори. Ваквиот начин на учење е еден од подобрите, затоа што додека децата се восхитуваат на секој детал и се препуштаат на новото искуство, учат многу нови информации и податоци.

Ваквите активности имаат важна улога во развојот на детската креативност и љубовта кон уметноста, затоа што ја поттикнуваат нивната љубопитност, како и желбата за истражување на непознатото и учење многу нови работи. Институциите како Национална опера и балет се колевка на културата, музиката и достоинството, па затоа е важно да се развие почитта кон уметноста од најрана возраст, за подоцна овие деца да бидат во првите редови од публиката на претставите и концертите.

Тимот на Литл Ми изразува голема благодарност до г-дин Митко Дамњановски кој многу вешто, на детски начин и умешно ги раскажа, покажа и долови многуте информации задржувајќи им го вниманието и интересот на сите дечиња-посетители.

За да ја погледнете целата атмосфера од посетата на НОБ и да уживате во насмевките од малите Литл Ми „истражувачи“ погледте го видеото на следниот линк

Комерцијална објава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.