Ја известуваме јавноста дека за време на божиќните празници јавните паркиралишта „Народен фронт“, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8-ми Септември“, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите, велат од „Градски паркинг“.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. Додека пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани на Република Македонија им ги честита новогодишните и божиќни празници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.