Возач на градски автобус сними видео која ја објави на социјалните мрежи со порака за директорот на ЈСП. Бара да биде вратен како шофер на некоја од линиите, а не да ја работи сегашната работа, како паркирач на автобуси каде што е распределен.
Почитуван директоре на ЈСП, нека види цела македонска јавност каков директор си ти. Јас сум возач со 15-годишно работно искуство, ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари, јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов. Значи свесно во смрт ги пракате граѓаните. Има линии како 53, 25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право во смрт. Затоа, ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија и најпрофесионално да си ја извршувам работата, вели возачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.