Под мотото „Љубовта се множи кога се дели“, во организација на Скопје Сити Мол денеска се отвора базар на уникатни уметнички креации во пресрет на Денот на вљубените.

Базарот ќе биде отворен за посетителите до 14 февруари и на него повеќе од 20-тина уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи.

На приземјето од Сити Мол, каде ќе биде поставен базарот, посетителите ќе можат да погледнат автентични креации од Monkdolls, Шарено ќоше, кожарската работилница Хорват, атеље Марта Пејоска, Преплет – дизајн студио, IGNIS.Creative, Ленка, NOMAD Studi, М&M Luxury soap bouquet, Marcy’s handmade, Индиго тату студио, Wanderlust, Елена Ристовска – накит, Woodyz, креативно студио Алегра, MORPHO, Атеље Сиена, Блумен и Арт 2005 и Vincinni.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.