Жителите на улицата „50 Дивизија“ бараат Општина Центар час поскоро да го реши сообраќајниот хаос кој веќе пет години владее на оваа улица, а неретко завршува со тепачка на нервозните жители на улицата и „гостите“ кои ги блокираат сите влезови, излези и пристапи до зградите и паркинг местата.

Според Скопје инфо, проблемот се продлабочил откако ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ одлучило да не го регулира резиденцијалното паркирање на станарите кои живеат на оваа улица.

„Балкански паркинг за визи на Европска унија. Вакви компании кои работат со странки треба да бидат лоцирани надвор од градското подрачје каде има пристап и паркинг со автомобили“, коментираат жители на оваа улица за Скопје Инфо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.