ЈСП информира дека в недела, на 31 декември годинава, и понеделник, на 1 јануари 2024 година, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во недела, на 31 декември, и понеделник, на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.

Жичарницата, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.