Авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира утре на скопската територија, соопштија од Град Скопје на нивната веб-страница.
Како што се појаснува, авионската дезинсекција ќе се реализира во раните утрински часови, а терестричната во текот на денот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се додава во соопштението.
Се советува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.