Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека има иницијатива на дел од советниците во Градот за времено отстапување на Универзалната сала на Владата.
-За тоа тие треба сами да одлучат и да видиме во која насока се движи и кое е барањето за да го постават. Тоа не е одлука која што јас како градоначалник ниту можам или сакам да ја направам. Универзалната сала е симболот на град Скопје и истата поради несоодветното планирање и проектирање е соочено со бројни проблеми. Овие работи треба да се дискутираат и поради тоа ова е денеска точка на дневен ред. Во ниту еден случај денеска одлука не може да се донесе, рече Арсовска на прес-конференција, како одговор на прашање дали ќе ја отстапи Универзалната сала.
На 16-ти ноември лани, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов информира дека имаат комплетна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура. Сепак истиот ден, Градот Скопје соопшти дека околу ова прашање Градот ќе изјасни откако ќе добие официјално барање од министерството.
-Денес на заедничка средба во градот Скопје помеѓу градоначалничката Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа г-дин Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, донесовме заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија. Се договоривме дека во следните денови ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе ни се обрати министерството со писмено барање за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање. Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно, истакнаа тогаш од Кабинетот на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.