Советничката во Советот на Град Скопје, Емилија Ангелова, на денешната прес-конференција изјави дека имала сознанија дека секретарот на градот, Зоран Глигоров бил пријавуван за семејно насилство.

„Но, она што е навистина вознемирувачки е што нашите информации говорат дека ова не е прво и единствено насилно однесување на секретарот на Градот Зоран Глигоров. Имено, очекуваме јавноста да добие одговор дали е точно дека според евиденцијата на МВР дека Зоран Глигоров бил пријавуван за семејно насилство? Воедно, дали на 25.06.2007 година е пријавен Глигоров за тешка телесна повреда врз женско лице со иницијали Л.Г нанесени преку повеќе удари и изненаден напад,

Второ, дали на 12.03.2017 година е пријавен Глигоров за нанесување на телесна повреда при вршење на семејно насилство врз Љ.Г. преку повеќе удари и изненаден напад?“, изјави Ангелова.

„Ова се навистина сериозни информации кои треба да бидат одговорени пред јавноста затоа што доколку ова е точно тогаш претставува сериозен проблем. Како современи политичари секојдневно сме исправени пред голем број на предизвици каде се бара јасно и разбирливо презентирање на своите политички убедувања и цели, но наша, примарна цел за спречување и борба против насилството во секоја форма и врз секого е да предизвикаме промени на индивидуално, институционално и структурно ниво.

Очекуваме Глигоров да одговори на овие сознанија и институциите да постапат согласно информациите кои ги поседуваат. Воедно ако се покаже ова за вистина бараме негово разрешување. Ниту еден човек кој бил пријавуван за семејно насилство не смее да биде лицето на институција“, додаде Ангелова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.