Имавме локални избори таму ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои најмногу број на гласови и на советнички места, како и на градоначалници. Што значи дека јасно покажаа граѓаните која е нивната волја. Значи граѓаните ја избраа оваа опција. А, кога ќе избереш друга опција тоа значи дека подразбираш дека не се согласуваш со оние кои што биле претходно на тие позиции. И што очекуваш? Нормално првите луѓе и во Градот и во институциите, и сите оние институции кои што се под Град Скопје или под општините да бидат заменети со луѓе кои што ќе пружат некоја политика различна од онаа која што била претходно и за која што кажале дека не се задоволни, истакна Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „24 анализа“.

Андоновска додаде дека се уште на раководните места во јавни претпријатија како што е и ЈСП има луѓе кои што се од претходните структури, како и во другите институции. Е, тоа е една голема измама од страна на градоначалничката.

Ние побаравме од нејзе да си даде оставка бидејќи вие ги измамивте гласачите, им нудевте нешто сосема друго, програма им нудевте, а сега сте со луѓе кои што не ја поддржаа вашата програма. Како ние да очекуваме функционалност на Град Скопје, или функционалност на јавните претпријатија, кога вие имате менаџерски тим поставен од луѓе кои што не ја поддржаа нејзината програма, рече Андоновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.