Комуналните редари на Град Скопје континуирано спроведуваат контроли на терен, при што изминатава недела се изречени 19 казни за прекршување на Законот за јавна чистота, велат оттаму.
Комуналните редари санкционираат несовесни граѓани за прекршоци како фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање на хартија, отпушоци, амбалажи и други отпадоци, фрлање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности, продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи. Активностите беа спроведени во општините Центар, Карпош, Аеродром, додека дополнителни екипи делуваат на Водно и други локации, соопштуваат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.