Голем скандал го тресе ЈЗУ Институт за клиничка биохемија, каде се регистрирани бројни неправилности, како во именување на стручен кадар, така и во финансиското работење, дознава Инфомакс.
Според пишувањата на порталот, во Управниот одбор се избрани лица кои согласно Законот за здравствена заштита не можат да бидат именувани за таа позиција. Тие не само што не се квалификувани за конкретната позиција, туку и воопшто не се појавуваат на работа, а редовно добиваат плата, но и дополнителни исплати, но и меѓусебно си ги прикриваат криминалните активности и соработуваат во вршењето на корупцијата и милионскиот криминал.
Вторито скандал за кој известува Инфомакс се однесува на тоа дека еден од раководителите во Институтот нема соодветна лиценца за работа, додека на дел од вработените им се платени докторски студии кои ниту ги завршиле во предвидениот рок, ниту пак ги вратиле парите, иако некои од нив и официјално се откажале од студиите.
Лицата кои се обидуваат да ги разоткријат скандалите добиваат закани по нивната безбедност, но и по безбеднооста на нивните семејства.
Поднесена е пријава до ДКСК но се уште нема преземено никакви дејства…
Се надеваме дека Државната комисија за спречување на корупција и соодветните институции ќе започнат со разоткривање и санкционирање на милионскиот криминал и корупцијата на товар на државата и народот, стои во текстот објавен на Инфомакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.