Поранешниот припадник на Државната безбедност Божидт Спасиќ тврди дека синот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ има бизнис со нафта во Русија и важи за еден од најбогатите странски бизнисмени во Москва.
– Целиот терен за Мира и Марко во Москва го подготви Борисав Милошевиќ, братот на Слободан. Марко Милошевиќ денес се занимава со нафта со Кина и со земјите околу Русија. Знаете, тоа не се милиони долари, туку милијарди. Се споменуваше и дека води бизнис со недвижнини, но и дека има синџир на казина и обложувалници-открива Спасиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.