Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.
Пет дена пред денешното лансирање, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.
Во очекување на нови лансирања, нашите вооружени сили го засилија надзорот, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека споделува информации со Јапонија и САД.
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба пред новинарите во Токио потврди лансирање на „неколку балистички ракети“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.