Ќерката на покојниот Џеј Рамадановски, Марија Рамадановски, била запросена од своето момче на новогодишната ноќ, а радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

Марија рекла „да“.

Наследничката на Џеј  веднаш се пофали на Инстаграм и ги покажа свршеничкиот прстен и фотографиите од запросувањето.

Само што се свршив. Те сакам, љубов моја, повеќе од се на светот“, е пораката што ја испрати Марија.

Марија долго време не беше експонирана во јавноста, односно се додека не одлучи да пее и на тој начин да го продолжи аманетот на нејзиниот покоен татко.

Ќерката на Џеј, претходно работеше како сценски маскир и изработувач на перики во театар и за неколку познати серии, но љубовта кон музиката сепак преовладуваше.

Таа неодамна ја објави својата прва песна која му ја посвети на својот покоен татко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.