Сè уште не е започнато отстранувањето на барикадите на Рудар, ниту пак на луѓето на барикадите им е кажано кога ќе бидат отстранети, јави РТС, пренесе Бета.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово треба да започне денеска во утринските часови.

Зборувајќи пред јавноста доцна синоќа по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во касарната во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е лесно и тие не можат да се отстранат за два часа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.