Новиот амбасадор во Швајцарија, Реџеп Демири, пред собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави платформата за дипломатските активности.
Демири ја нагласи билатералната соработката на земјава со Швајцарската Конфедерација, како и улогата на Швајцарија во Европа и пошироко во светот како успешна држава.
Во билатералните односи и соработка помеѓу Република Македонија и Швајцарија економската компонента е од особен интерес за двете земји. Економската соработка со Швајцарија се одвива претежно во сферата на техничка и развојна соработка. Имајќи го предвид високиот степен на развој на швајцарската економија, има простор за подобрување на соработката, како на планот за зголемувањето на трговската размена, така и во поглед на зголемувањето на приливите на швајцарските инвестиции, истакна Демири.
Пред Демири, и Горан Милевски и Едмонд Адеми ги претставија своите платформи за дипломатските активности како нови амбасадори во Репулика Словенија, односно Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.