Во четврток, 27 јуни со почеток во 18 часот, во изложбениот салон Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на новата капсулна колекција на брендот за накит „Капка” зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска.

Капсулната колекција насловена како „РЕфлексии” има повеќекратни значења: врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови приказни, уникатни и специфични – вели Јана Ацевска.

Организаторите на настанот ги покануваат посетителите да ја погледнат одблиску колекцијата и да ги поддржат локланите дизајнери и занаетчии и нивната работа. Една од главните причини за постоењето на „Лаб дизајн маркет“ е поддшрката на дизајнерите кои ги ревитализираат и сочувуваат македонските традиционални занаети, давајќи им нова современа форма. Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет.

„Лаб дизајн маркет” е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски” број 68, во центарот „Лабораториум”, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.