Продолжува потрагата во езерото Глажња по 30-годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на браната и не излезе.

МВР денеска соопшти дека вчера во 14:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол.

Ангажирани биле спасувачки екипи и сè уште се трага по Ф. Р, соопшти МВР.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во денешниот билтен информираат дека на бројот 112 добиле пријава за исчезнато лице кое влегло да се капе во вештачкото езеро браната Глажња на оддалеченост од 1,5 километри околу 13:50 часот. Полицајците од Полициска Станица Матејче биле ангажирани за физичко обезбедување на местото на настанот. Преку СВР Куманово вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.