Во рамки на одбележување на Светкиот ден на бегалцитe – 20ти јуни, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во соработка со Младински Образовен Форум (МОФ) и Вондерленд театар од Скопје со задоволство Ве покануваат на изведба на претставата „Види, летам!“.

Претставата ќе се одигра на малата сцена на Народниот театар во Охрид со почеток во 20:00 часот. Влезот е слободен.

 

Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот.

Автор: Ана Трпеноска
Режисер: Ивана Ангеловска
Уметнички координатор: Нела Витошевиќ

 

Играат:
Сара Спиркоска
Никола Настоски
Исмет Шабановиќ
Ана Димитрова
Леонардо Лазов

Поддржана во рамки на партнерството на Младинскиот образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, „Види, летам“ на Вондерленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

 

Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата поткревање на свеста а потребата од културна и општествена промена како и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

Сепак, бескрајните можности за истражување и преиспитување на театарот се земјата на чудата пред нас што чека да биде откриена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.