Британскиот гитарист Џеф Бек почина од менингитис на 79-годишна возраст, како што е објавено синоќа на неговата интернет-страница.
Тој почина во вторникот откако ненадејно заболе од бактериски менингитис, се вели во објавата.
Џеф Бек е роден во јуни 1944 година во предградие на Лондон. Овој музичар има освоено осум од американскитте музички награди „Греми“, а многумина го сметаат за гитаристички виртуоз и гениј во областа на рокенролот, блузот и џезот. Тој, инаку, свиреше во бендот „Јардбрдс“ (YardBirds), заедно со Џими Пејџ и Ерик Клептон.
Мик Џегер на Твитер напиша дека починал „прекрасен човек и еден од најголемите гитаристи во светот“.
Никој не свиреше на гитара како Џеф, рече Џин Симонс од хард-рок составот „Кис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.