Четириесет и седумгодишната жена, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа во тунелот кај Демир Капија, им подлегнала на повредите, потврдиле за МИА од Основното јавно обвинителство Кавадарци.
Оттаму велат дека по извршениот увид на местото на настанот ќе биде наредено сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за несреќата.
„Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена возач која била сама во автомобилот“, велат од Обвинителството.
Претходно, од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека сообраќајната несреќа се случила во 08:40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино. Според полицијата, автомобилот марка „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, што го управувала 47-годишната ТПП, изгубил контрола и излетал од патот.
Поради несреќата, сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино утрово беше во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.