Охридскиот градоначалник Пецаков по денешниот состанок со хотелиерите ,туристички работници,угостителски еснаф претставници од локалната самоуправа и СВР Охрид најави дека до Владата и министерството за транспорт и врски ќе биде испратено барање да продолжи функционирањето на овој патен правец а градежните активности да се одложат до завршување на сезоната во интерес на градот и туризмот.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бакраческа обвини дека хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав. Овој пат, последиците од лошото работење на власта ќе ги трпат охриѓани и Градот Охрид.

– Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион. Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион.)

Хотелиерите и туристичките работници револтирани сметаат дека затворањето на магистралата во рок од 45 дена ќе предизвика сериозни последици огромни гужви и колони во сообраќајот. Недозволиво е туристи два и пол часа да патуваат од аеродром до Охрид велат од туристичките агенции.

Од СВР Охрид пак на став дека поставена е комплетната сигнализација на патот кој се одвива непречено .

Од Министерството за транспорт и врски пак сметаат дека нејасни се реакциите за стопирање на градежните работи на автопатстката делница од Подмоље кон Охрид додавајќи дека автопатската делница од Кичево до Охрид се гради со потребната динамика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.