Во општина Бутел ќе се гради нов парк на површина од 3.000 метри квадратни, информира градоначалникот Дарко Косотовски.

Денес заедно со Град Скопје почнуваме со изградба на нов парк кој ќе се протега на 3.000 м2 во населеното место Расадник!

 

Првата фаза опфаќа 1.496 м2 по што веднаш ќе почне и втората фаза која ќе опфаќа над 1.500 м2 со што вкупната површина на новиот парк ќе изнесува над 3.000 м2!

 

Она што до пред некое време беше депонија наскоро го претвараме во модерен урбан парк и ново прекрасно катче за граѓаните на Општина Бутел!

 

Паркот ќе содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите.

 

Наскоро и фудбалското игралиште кое што се наоѓа во овој потег ќе биде комплетно реконструирано!

 

Го менуваме ликот на Општина Бутел!

Ветеното го реализираме – порачува градоначалникот Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.