Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид. Според „AЅ“, словенечкиот голман го загубил статусот на незаменлив играч, а мадридскиот клуб е подготвен да ги слушне понудите за негов трансфер.

Атлетико сака да го обнови својот тим во текот на летото и да се раздели со своите најплатени играчи. Платата на Облак е една од највисоките во клубот, голманот добива 10 милиони евра нето по сезона.

Самиот голман знае дека Мадрид е подготвен да го продаде. Тој сака да се обиде во Премиер лигата доколку мора да го напушти сегашниот тим.

Забележано е дека Атлетико е заинтересиран за грузискиот репрезентативен голман Џорџи Мамардашвили. Валенсија за 23-годишниот голман ќе бара 25 милиони евра.

Облак за мадридскиот клуб настапува од сезоната 2014/15. Во тековната сезона во Ла Лига одигра 33 натпревари и прими 39 голови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.