Американскиот милијардер Илон Маск објави, па избриша објава на Твитер во којашто канадскиот премиер Џастин Трудо се споредува со нацистичкиот водач Адолф Хитлер. Критиките од Евреи, сепак, не стивнуваат.

Во спорната објава, Маск се осврна на податокот од „Коиндеск“ (CoinDesk), дека канадската Влада презела акција против трансакциите со криптовалути за да не им се помага на возачите на камиони кои протестираат против вакцинирањето.

Најбогатиот човек на светот одговори со објавување на фотографија со Хитлер.

Престанете да ме споредувате со Џастин Трудо. Имав ограничен буџет – пшишува на фотографијата на Хитлер што ја објави Маск.

Шегата на Маск наиде на остри критики од еврејските организации.

Илон Маск постапи крајно непромислено, спомнувајќи го Хитлер за да го каже своето мислење на социјалните мрежи… Мора веднаш да се извини – се вели во соопштението на најстарата невладина организација во САД – Американскиот еврејски комитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.