Министерството за надворешни работи најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина – велат од МНР.

Оттаму велат дека ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Македонија.

Од МНР додаваат дека надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.