Утре е денот кога пред две години загинаа 14 лица во ковид-центарот во Тетово. Пораз е за целата држава што се уште немаме вистински одговорни за оваа државна трагедија!, пишува во статус на фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.
Тој смета дека партиите, наместо да се расправаат со соопштенија, болницата во Тетово е конкретен случај каде се очекува одговорност.
Попатриотска тема нема да најдат, пишува Мицковски.
Мицковски потсетува дека на 8 септември, Денот на независноста на Македонија, во 2021 година, изгоре ковид-центарот во Тетово каде загинаа 14 луѓе.
Одговорни се уште нема, а актуелниот лидер на „опозицијата”, тогашен Министер за здравство, утре ќе просерава за некаква правда и правдина во земјава, ќе испраќа честитки и други квази-државнички срања. Истото ќе го збори и власта.
Пораз е за целата држава и за секоја власт, што се уште немаме вистински одговорни за оваа така свежа државна трагедија.
Тоа што го знаеме е дека истрагите беа саботирани и дека имаше прикривања на пропустите при градењето на модуларните објекти од страна на одговорни лица во институциите, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.