Ја побаравме довербата од граѓаните на Гази Баба пред десетина месеци и убедливо бевме наградени со победа тука во Гази Баба но и во цела Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Не застанавме ниту еден ден и докажавме дека кога чесните, работливите и луѓето кои си ја сакаат општината и државата ќе добијат доверба, истата ја оправдуваат.
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ од општинскиот комитет даваат масовна поддршка за референдумот што треба да се случи – вели Мисајловски.
Тој порачува дека проблемот треба да биде решен во неговата суштина и затоа бараат да се слушне гласот на народот за да продолжиме заедно на вистинскиот патоказ.
Затоа ја повикуваме власта да се охрабри и да се организира во ист термин референдум и предвремени парламентарни избори, па народот да одлучи кој е за горда и достоинствена Македонија, а кој е за понижена и погазена.
Да Живее Република Македонија – порачува Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.