Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при своја изјава од Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашниот отчет за системско уништување на општините од поранешната власт истакна дека и покрај тешката и предизвикувачка година, покрај енергетската и економската криза дотациите кон општините се намалени.
Па погледајте ги трансферите и дотациите кои што оваа власт ги прави во изминативе четири години пред оваа 2022 година ќе видите дека секоја година започнувајќи од 2018, 2019 следствено 2020, 2021 имаме зголемување на дотациите, дури и во една година тие се 34 милиони евра поголеми од претходната година. Но, тогаш нели мнозинството градоначалници беа од редовите на СДСМ и тогаш тие ценеа дека треба дотациите да бидат поголеми. Но, ако ја споредите бројката 2021 и 2022 и покрај тоа што буџетот е зголемен, екстремно зголемен, арачот на народот и на бизнисот екстра зголемен, дотациите се намалени од 316 на 312 милиони евра, кон општините и покрај тоа што знаеја дека имаме енергетска криза, покрај тоа што знаеја дека имаме економска криза, и покрај тоа што знаеја дека ова ќе биде една навистина тешка и предизвикувачка година – истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава и дека СДСМ и власта не водат грижа за граѓаните.
Но, тие не водат сметка за интересите на граѓаните и повторно ќе кажам слепо ги следат политиките и насоките на заевизмот, политики кои што се поразени од народот, се додека продолжат да ги следат политиките на заевизмот ќе губат, и тоа ќе им го кажат граѓаните на следните предвремени парламентарни избори. Затоа бегаат од тоа затоа се плашат. Мислат дека црвените килими на лозјата, во големите и раскошни винарски визби кај тајкуни кои што своето богатство го стекнале во едни други времиња ќе ги исперат од незадоволството кое што го има кај народот, и затоа ги нема тука меѓу народот ,затоа се кријат.
Така што мојата порака ќе биде иста напуштете ги политиките на заевизмот, тие се поразени, прифатете ја политиката на заедништво и обединување кога станува збор за националните интереси, граѓаните во општините каде што се градоначалници избрани од редот на ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата не се виновни затоа што политиките на заевизмот полни со криминал, со корупција со неуспеси граѓаните ги поразија.
Дајте да седнеме и да зборуваме за иднината немојте да бидете заглавени во минатото, поделбите завршија, ние сакаме да рефлектираме една енергија на обединување кога станува збор за националните интереси, ние може да се разликуваме во економските, образовните, здравствените, земјоделските политики, да, тука се разликуваме, но кога станува збор за националниот интерес, еднаш очекуваме од СДСМ да застане и да ги поддржи политиките на обединување. Прв чекор еве нудиме подадена рака, поддржете ја декларација за титанот, за великанот Ѓорѓи Делчев, човекот кој што треба да не обедини – нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.