Регионалниот фестивалски гигант EXIT повторно го освојува летото! Најголемиот музички собир во југоисточна Европа од 6 до 9 јули ја претставува една од најсилните програми во својата историја, која ја предводат најбараната светска турнеја The Prodigy, боговите на рапот Wu-Tang Clanосумкратниот „Греми“ добитник Skrillex, бројот #1 на електронската музика Eric Prydz и славниот шведски продуцент AlessoПокрај нив во EXIT универзумот на повеќе од 40 фестивалски бини и зони ширум Петроварадинска тврдина ќе слетаат имиња како што се Dimitri Vegas & Like Mike, Chase & Status, Claptone, CamelPhat, Hot Since 82 и стотина други! Денс Арената оваа година ќе го обележи ,,all female” концептот во рамки на кој ќе настапат Amelie Lens, Nina Kraviz и Indira Paganotto! 

Во ѕвездената програма на EXIT и оваа година ќе се запишат претставниците на македонската музичка сцена и тоа ДИНА ЈАШАРИ И ДРУГАРИ, BDM, ZEE, MATEJ FOLTZ и YOUNG DADI! Поради големиот интерес поволните влезници за овогодишниот EXIT ќе бидат достапни само уште денеска до полноќ!

На Главната бина на EXIT оваа година пристигнуваат предводниците на најбараната турнеја на светот The Prodigy, но и најголемата хип-хоп група на сите времиња Wu-Tang Clan, кои со својот настап ќе ја одбележат големата прослава за 50 години хип-хоп. Покрај овој легендарен рап состав доаѓаат и ветераните на хардкор хип-хопот, Onyx! Ним им се придружуваат носителите на електронскиот звук, Греми рекордерот Skrillex, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, LF System, Claptone, драмендбејс легендите Chase & Status, глобалните хитмејкери Mahmut Orhan и Burak Yeter, како и Charlie Tee, Gardna и Lady Lee. За поалтернативниот звук задолжени се Sofi Tukker, Viagra Boys, Epica и Jenner. Главната бина во еден момент ќе ја преземе all female програмата, која ја претставуваат Senidah, Mimi Mercedez, Sajsi MC и Kejt. Во рамки на #Blackout30 Showcase настапуваат Phat Phillie, Bolesna Braća, Prti Bee Gee, Smoke Mardeljano, Ajs Nigrutin и Bege Fank, додека EXIT Gang Main Stage Takeover ќе донесе средба на интернационалните со регионалните и домашните изведувачи од различни генерации, во која микрофоните ќе ги вкрстат Aigel, Fox & Surreal, Tam, Macha Ravel, Micka Lifa и Thicc Boi.

На Денс Арената, храмот на електронската музика, оваа година пристигнува големиот Eric Prydz, како и ,,all female” концептот, во рамки на кој првиот ден ќе настапат најмоќните жени на глобалната техно сцена, меѓу кои се Nina Kraviz, Amelie Lens и Indira Paganotto. Покрај нив зад диџејскиот пулт на оваа бина, која израсна во единствен светски феномен, ќе застанат Keinemusik, на кои годинава им припаѓа магичното затворање, потоа Hot Since 82, Camelphat, Vintage Culture, Ben Böhmer live, Mind Against, Agents of Time live, Gioli & Assia live, Human Rias, Gheist live, 8Kays, Layla Benitez, додека силната регионална екипа ја сочинуваат Mene, Coeus, Marko Nastić, Tijana T, Kristijan Molnar, Space Motion, IDQ, Lanna, Cosmic G, Goran Starčević и Mijа. Отворањето на програмата на Денс Арена препуштено ѝ е на заносната Vylana Marcus.

Фјужн бината, раскрсницата на многуте музички жанрови во јули 2023 ќе биде домаќин на најголемото освежување на новата македонска музичка сцена ДИНА ЈАШАРИ и ДРУГАРИ, но и докажаните Dry Cleaning, The Toasters, Pera Defformera, Mortal Kombat, Atheist Rap, Sunshine, Bojanа Vunturišević, Zoe Kida, Nikolа Vranjkovića, Porto Morto, Dzipsiija, Freekind, Spasibo, Pholo и Rudeboy Plays Urban Dance Squad ft. DJ DNA. Со нив бината ќе ја делат и Crni Cerak и Lackа,  Hiljson Mandela, z++, Prti Bee Gee, Smoke Mardeljano & Ajs Nigrutin, Kendi, како и Bad Focus, K not K, Manna.

На најтврдата бина на EXIT фестивалот – Explosive – оваа година ќе згрмат Wolfbrigade, Exciter, Cockney Rejects, Daikaiju, Mirror, Armada, Massacre, Bombarder, Ignite, Midnight, Nervochaos, Night Fever, The Bar Stool Preachers, 3 A.M., Affliction, Claymorean, Dead Dog Summer, Dead Joker, Fiskalni račun, Flesh, Hak Attak, Hyperborea, Larska, Polywhy, Punkreas, Sarcasm, Sur Austru, Svlak, Urban Instinkt, Violentor, Vršnjačko nasilje и V Okovih.

На хип-хоп и трап бината Gang Beats оваа година пристигнуваат и македонските претставници на сцената Matej Folz x Young Dadi и Zee, кои ќе имаат прилика да ја делат сцената со плејада докажани и нови имиња. Меѓи нив се Fox & Surreal, Bolesna braća, Grše, 30Zona, Bigru & Paja Kratak, Cunami Flo, Bore Balboa, Ognjen, Kene Beri & Spejs Noksi, Macha Ravel, Bekfleš, Faberge & KZA, FTP, RNB Confusion Soundsystem W. DJ Turk & Zembo Latifa, Gerum, AV47, Ružno Pače, tam, 2xŠihta, Yung Bude, TTM, Dino Blunt, Micka Lifa, Podočnjaci, Thicc Boi, Keyri, FAM, Fich, Jymenik x Mlada Beba, Kultura, Sarchy, Bejbi Motorola & Thea, Big Drip, Bulch, Purpose, Viking Krew, Rođeni, 2soma и Zevin.

Домот на алтернативната електроника, култната NSNS бина оваа година носи низа силни имиња од светскиот и регионалниот андерграунд, како што се Anetha, Patrick Mason, Partiboi69, Avalon Emerson, Ben Ufo, Shimza, Carlita, Desiree, X-Coast, Koboyo b2b Raven, Krystal Klear, Cici, DJ Brka & Runy, Luton b2b Šćepine Vragolije, Vahicabi, Asarri, Jovana Takač, Katalina b2b Muhi, Rade Badjin и Danilo Kas b2b Sergej Krstić.

Од самите почетоци, душата на EXIT фестивалот се и неговите помали бини. Фестивалските посетители токму на нив се собираат за да ги чујат специфичните жанрови или да најдат свое омилено место за уживање. Меѓу овие бини се наоѓа главниот носител на реге нотите Wenti Wadada Positive Vibrations Reggae бината, драмендбејс престолнината X-bass Pit и енергичната Gaia Trance бина. Голем број регионални електронски имиња ќе имаат прилика да се претстават на Urban Bug, додека радиските „бенгери“ се резервирани за AS FM stage и Silent Disco бината, латино ритмите за Latino Stage by IDEA, а прогресивниот хаус и афро-хаус звук ќе доминира на Together X. House by IQOS бината, на која пристигнува уште едно музичко име од Македонија, алтернативната денс група BDM.

Фестивалските влезници достапни се по цена од 4299 денари, додека еднодневните влезници може да се купат по цена од 2200 денари. Покрај големата побарувачка, актуелните цени на влезниците ќе важи само уште денеска, 22 јуни до крај на денот. Влезниците се достапни преку веб-страницата на фестивалот., соопштуваат организаторите на Фестивалот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.