Пристапот на Бугарија кон Македонија е сличен како тој на Русија кон Украина, но само без воена агресија, смета Едуард Џозеф познавач на политиките на Балканот и предавач на Меѓународните студии Џонс Хопкинс, во изјава за РСЕ.

Според него, Бугарија претендира дека Македонија е вештачка југословенска креација.

„Одговорот е да, бидејќи ова прашање во Бугарија на екстремен национализам е рефлексија и многу потсетува на тоа што Русија и го прави на Украина. Размислете за тоа. Русија и Путин особено бидејќи тој ја нарекува Украина – вештачка држава и неговиот став е “Ние не сме многу помоќни а вие сте помалку моќни. Вие сте вештачка земја. Вие сте на некој начин Руси. Вашиот идентитет не постои, тој е вештачки“. Имаме сличен пристап, не со сила, но употребувајќи сила. Бугарија ја користи својата сила како земја членка на ЕУ за да каже вие сте вештачка држава. Вие сте вештачка држава и вештачка југословенска креација, но јазикот и вашата историја се базираат на нашиот бугарски идентитет и ние сме посилни од вас. Тоа е разликата. Пристапот е сличен но тактиките се различни. Но истиот пристап не е европска вредност“, вели Џозеф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.