Додека Ахмети ја држи владата на Ковачевски, неговите внуци и син прават милионски бизниси, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ прашувајќи дали борбата на Ахмети по секоја цена да го задржи Ковачевски ден повеќе на власт се должи на тоа што Ковачевски молчи за се, и не смее да изусти збор за очевидните злоупотреби на ДУИ.

Додека Ахмети е главен фактор во владата, неговиот внук Дрин, зема 39% од Соравија без да даде денар како против надомест. Истиот тој Дрин добил концесија за мала хидроцентрала од владата, а управува и со каменолом за кој добил концесија исто така од СДС.

Додека Ахмети ја држи владата, фирмите на внук му се поддизведувачи на Коридор 8.

Синот на Ахмети заедно со внуците на Ахмети, Дрин и Бесиан ја основал и Хелиос Плант за производство на струја. Дали со истата треба да отпочне изградба на фотоволтаична централа од 60MW која беше најавена од владина говорница?

И додека семејството на Ахмети се богати, институциите молчат и не смеат да преземат чекор кон реална истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.